14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ПСИХОПАТ: Твитерџија масакрирал 9 луѓе – сега доби СМРТНА КАЗНА

30-годишниот Такахиро Шираиши беше уапсен во 2017 година, откако беа пронајдени делови од телата на неговите жртви во близина на неговиот стан. Судот во Токио го осуди Такахир Шираиши (30), попознат како „џелатот на Твитер“, на смрт за убиство на девет лица.

Тој ги давел жртвите

Шираиши беше прогласен за виновен за убиството и распарчувањето на своите жртви, од кои делови беа пронајдени во неговиот стан во градот Зама, лоциран во Канагава, предградие на Токио.

За време на судењето утврдено е дека тој ги контактирал своите жртви на социјалната мрежа Твитер откако во своите пораки откриле дека размислуваат за самоубиство. Тој ги привлече во неговиот стан велејќи им дека и тој ќе умре со нив. Џелатот уби осум жени и еден маж, сите на возраст од 15 до 26 години. Единствениот маж кој го убил бил момчето на една од неговите претходни жртви, кој ја барал својата девојка.

За време на судењето, адвокатите на монструмот се обидоа да го бранат, тврдејќи дека Шираиши ги убивал своите жртви со нивна дозвола, пренесе агенцијата Кјодо. Судијата кој претседаваше Наокуни Јано пресуди дека жртвите не давале согласност да бидат ликвидирани и дека Шираиши е психички здрав и одговорен за злосторствата што ги сторил. За време на судењето е утврдено дека Шираиши ги удавил сите жртви и сексуално ги нападнал нивните тела пред да ги исецка. ТВ „Асахи“ објави, цитирајќи полициски извори по апсењето, дека во станот на убиецот се пронајдени три практични ладилници и пет контејнери што содржат распарчени делови од човечки тела.

Го признал злосторството

За време на судењето, Шираиши ги призна обвинувањата во обвинението и рече дека нема да се жали ако биде осуден на смрт. Тој тврдеше дека убил за да ги исполни своите сексуални потреби. Под притисок на јавноста, кога беа откриени деталите за ова ужасно злосторство, властите во Јапонија започнаа бројни проекти за подобрување на поддршката за младите во неволја.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести