13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

БИЗАРНО: “Киднапирале” мисирка, а потоа ја опијаниле..

Летонската полиција уапси три лица кои се обвинети за кражба на мисирка од приватна зоолошка градина, која потоа ја опијаниле со вотка.

Кражбата, која најверојатно била планирана, се случила рано во петокот наутро во Рига, на роденденот на еден од тројцата осомничени.

Видеото од надзорните камери ги прикажува тројцата во црно како влегуваат во мини зоолошка градина и потоа бегаат со мисирката во торба.

Крадците на возраст од 30 до 40 години потоа ја однеле мисирката до блиската железничка станица и со возот тргнале кон Јурмал. Меѓутоа, кога стигнале до станицата наречена Булдури, се симнале и заминале на плажа каде што пиеле вотка и ја принудиле птицата да пие алкохол.

Прославата завршила кога полицијата ги открила крадците и птицата. Мисирката била вратена во зоолошката градина и по неколку часа била прикажана на телевизија, жива, здрава, но видливо вознемирена.

Крадците ќе треба да одговараат за кривичното дело разбојништво и упад на организирана група, а на полицијата и биле познати по хулиганство и други прекршувања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести