6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

22-годишната пациентка која вчера почина од компликации предизвикани од Ковид 19 имала дијабет и хипотироза веќе била примена со мртов плод

22-годишната пациентка која вчера почина од компликации предизвикани од Ковид 19 имала дијабет и хипотироза веќе била примена со мртов плод, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Таа е дојдена на Клиниката на 23 ноември по третпат. Предходно доаѓала, но одбивала да биде хоспитализирана во делот на ковид позитивните пациенти, односно суспекните случаи иако имала негативен тест. Но, нашата лабараторија покажува дека таа била ковид позитивна бидејќи ги имала симптомите. На 23 била примена со мртов плод и лош лабараторски наод. Веднаш била префрлена во шок соба и била породена со царски рез .Таа била во 37 недела од бременоста, објасни Јовановска.

Таа упати апел до сите пациенти дека треба да ги слушаат советите на докторите кога ќе им посочат дека треба да се хоспитализираат .

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести