13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Во Куманово прегазена 24-годишна девојка, со тешки повреди е пренесена на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Млада кумановка е тешко повредена откако вчера наутро во 07.15 часот во Куманово на крстосницата од улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“ во неа удрило возило.

Како што соопшти МВР, патничко возило „поло“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(53) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(24) од Куманово.

По незгодата, С.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на незгодата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести