-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

СКАНДАЛ: Хакирана европска агенција за лекови, УКРАДЕН “РЕЦЕПТОТ” ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19!?

ЕМА соопшти дека истрагата за сајбер нападот е во тек

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека била цел на сајбер напад и дека наводно хакерите пристапиле до документите за вакцината против вирусот корона.

Компанијата „Бионтек“ (БиоНТех), која во партнерство со „Фајзер“ прави една од вакцините, соопшти дека некој пристапил до нивната апликација за вакцината за време на нападот.

Според светските медиуми, ЕМА работи на одобрување на две вакцини против коронавирусот, а тоа, наводно, треба да се заврши во следните недели.

„Бионтек“ објави дека овој хакерски напад не треба да влијае на временскиот период во кој вакцините треба да бидат лиценцирани за употреба.

Според Би-Би-Си, ЕМА не откри детали во врска со сајбер нападот и објави дека истрагата за овој инцидент е во тек.

Компанијата „Бионтек“, пак, на веб-страницата откри дека некој пристапил до документите на таа компанија.

– Информирани сме дека агенцијата била цел на сајбер напад и дека некој пристапил до документите во врска со примената на вакцината Фајзер и Бионтек против коронавирус BNT162b2, а информациите за добивање лиценца може да се најдат на серверот ЕМА. Некој им пришол неовластено – се наведува во соопштението на „Бионтек“.

– ЕМА нè уверува дека сајбер-нападот нема да го забави процесот на одобрување и ревидирање на вакцината – се додава во соопштението за јавноста.

Ројтерс претходно документираше како хакерите поврзани со Северна Кореја, Иран, Виетнам, Кина и Русија се обвинети за обид за кражба на информации за вирусот САРС-КоВ-2 и за можно лечење.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести