Авион кој превезувал вакцини за животни, исчезнал над Националниот парк Козара во БиХ, јавуваат локалните медиуми.
Во авионот имало две лица, и во моментов трае голема потрага. Авионот не слетал во предвиденото време. Со пилотот е изгубен контакт во близина на градот Омарска.
Лошите временски услови и маглата во областа Козара и околу Омарска ја отежнуваат потрагата по исчезнатиот спортски авион.
Активиран бил уредот кој испраќа сигнал при евентуална несреќа. Медиумите јавуваат дека во изминатите неколку дена временските услови над Националниот парк биле лоши.
Авионот од типот „Пајпер 28“ полетал во 14:10 часот од Бања Лука.