Голема мистерија од британскиот двор е жената по име Барбара Барнс, која беше дадилка на принцовите Вилијам и Хари во осумдесеттите години, а потоа едноставно исчезна.
Во 1982 година, по раѓањето на синот Вилијам, принцезата Дајана ја вработи 42-годишната Барбара Барнс како дадилка на нејзиниот син, по препорака на бароницата Ен Гленконер, чии пет деца ги одгледала Барбара за време од 14 години.
Новата дадилка се грижеше за Вилијам дење и ноќе, а потоа откри дека се грижи и за неговата мајка, која во тоа време имаше 21 година, пишува „Дејли меил“.
Дајана, која страдаше од булимија, беше склона на самоповредување, па Барбара и ги преврзувала раните и станала „куче чувар“ на британската принцеза.
Според персоналот, Барбара ја чувала просторијата на Дијана како да е Ватикан, а потоа ги презела и останатите простории во кои престојувале принцезата и нејзиниот син Вилијам.
Откако помладиот принц Хари се роди во 1984 година, Барбара доби двојна улога и стана и негова дадилка.

Таа честопати го придружуваше кралското семејство на патувања. Поради грижата што им ја пружаше на принцовите, таа доби титула на нивна „сурогат мајка“.
Сè изгледаше како идилично, но Дајана забележа дека Барбара е премногу приврзана за нејзините синови, па почна да се дистанцира од неа.
Чашата се прелеа на одморот на Барбара Барнс на Карибите, каде присуствуваше на роденденската забава на поранешниот работодаве, лордот Гленконер, и се фотографираше со многу познати личности.

На Дијана тоа воопшто не и се допадна. Наводно, принцезата наредила Барбара да биде протерана од дворот без трага и глас, а нејзините предмети да се спакуват и да се фрлат како никогаш да не била таму.
На Барбара не и беше дозволено да се збогува со Вилијам и Хари. И беше забрането никогаш повеќе да им се обраќа и да им испраќа разгледници.
