Мајка на три деца, Теа Винсент (32), која минатата недела беше ослободена од обвиненија за сексуален однос со малолетник, сега размислува да ги продаде своите слики на платформата за претплата на OnlyFans, пренесува „The Sun“.

Да потсетиме, Винсент од Глостершир во Англија призна дека имала сексуални односи со 14-годишник, но таа тврди дека не знаела дека тој е малолетник, што адвокатите успеале да го докажат на суд.
Поротата дебатираше нешто повеќе од еден час пред да се ослободат од обвинението.
- Ова ми го уништи животот. Исто така, ја уништи секоја шанса што ја имав за кариера. Премногу се срамам да би се обидела да најдам работа. Јас сум многу лута и емотивна. Сега сакам целата енергија да ја насочам кон моите деца и да се грижам за нив – рече таа по ослободителната пресуда.
Поради медиумското внимание што го доби, таа започна да размислува амбициозно и објави дека може да се префрли на страницата „OnlyFans“ каде корисниците можат да ги објавуваат своите фотографии и видеа за одредена сума.
По пресудата која отиде во нејзина корист, таа на Instagram напиша:
- Размислувам да отворам профил на OnlyFans. Како и да е, луѓето веќе ме мразат, така што немам што да изгубам.
