1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ПРЕД 50 ГОДИНИ ВИЛИ БРАНТ КЛЕКНА ВО ВАРШАВА И ПОБАРА ПРОШКА (видео)

Денот кога Вили Брант клекна во Варшава го отвори патот за помирување меѓу Полјаците и Германците. Со овој гест, Брант прво предизвика отпор во својата земја. А сега, по половина век, повторно владее недоверба кај соседите.

 Вили Брант клекна само 30 секунди, но тој влезе во историјата. Во декември 1970 година, германскиот социјалдемократ беше првиот германски канцелар кој стапна на полско тло. Поминаа само 25 години од Втората светска војна, германската окупација на Полска и германското убивање. Брант пристигна во Варшава за да овозможи нов почеток во германско-полските односи.

Пред споменикот на востанието во Варшавското гето, Брант положи венец утрото на 7 декември. Брант го положи венецот, направи чекор-два назад и чекаше. Потоа клекна со наведната глава. Така, тој остана на тврдиот, влажен гранит. Фотографите се собраа околу него, знаејќи се дека фотографијата ќе го обиколи светот, пишува ДВ.

– Над понорот на германската историја, под товарот на милиони убиени, го направив она што луѓето обично го прават кога не успева јазикот – напиша Брант подоцна во своите мемоари. Брант клекна како грешник, потпирајќи се на христијанските мотиви.

Тој рече дека се моли да им биде простено на Германците. Тој, кој отсекогаш бил противник на нацистите, сакал да му се прости на својот народ.

Брант рече дека не било планирано.

– Моите најблиски соработници не беа помалку изненадени од репортерите и фотографите кои беа покрај мене – напиша тој.

Кшиштоф Руњевич, професор по историја на Универзитетот во Вроцлав, вели дека и полската влада била изненадена.

– Дотогаш тие беа „злобни Германци“. Тие ги претставија како борци за одмазда. И тогаш дојде германскиот канцелар и клекна на колена, покажувајќи подготвеност да се покае – вели тој.

Полскиот историчар вели дека полската влада правилно го разбрала гестот на Брант, но дека партиската пропаганда не престанала да создава негативна слика за Германците.

Руњевич вели дека многу Полјаци дури и не дознале за гестот. Фотографијата не била објавена во полски весник. Политиката на Брант покажа резултати само на долг рок.

Повеќето не одобруваа

А Германците? Историчарката Кристина Мајер од фондацијата Вили Брант вели дека клекнувањето на Брант било кршење на табу. Се чини дека повеќето Германци се уште не биле подготвени да побараат прошка за нацистичките злосторства.

Истражувањата во 1970 година покажале дека секој друг Германец во Западна Германија смета дека гестот на Брант е претеран и го отфрлаат.

За време на таа посета, Брант го потпиша Варшавскиот пакт, со кој Германија се одрекува од поранешните источни територии, кои по Втората светска војна и припаѓаа на Полска. Конзервативната демохристијанска опозиција тоа го одби. А екстремната десница дури го нарече Брант „народен предавник“.

Многу историчари сега на потегот на Брант гледаат како на чекор кон обединување на Германија во 1990 година.

Враќање на сенките

Што е со денешните германско-полски односи? Конзервативната партија „Закон и правда“ владее во Варшава од 2015 година, со апсолутно мнозинство. Зборови како недоверба, дистанцирање, стагнација – оттогаш владеат во насловите на медиумите што ги опишуваат односите Варшава-Берлин. Сенките од минатото често лебдат над овие врски. До неодамна имаше горчлива дебата за местото каде треба да се подигне споменик на полските жртви од нацистите во Берлин.

– Од гледна точка на последните неколку години, можам да гледам како празен гест – вели Аркадиј Муларчик, политичар на владејачката полска партија „Закон и правда“ и додава: „Немаше ништо зад тоа. Какво извинување за злосторствата ако немаше надомест за Полска? “ Муларчек ја предводеше парламентарната комисија која ги формулираше барањата за репарации на Полска против Германија.

Ретро политика

Полскиот историчар Ружниевич вели дека денешните германско-полски односи го потсетуваат на оние од 70-тите години на минатиот век, но денес е сосема поинакво време – Германија и Полска имаат бројни договори, границите се безбедни, двете земји се во Европската унија: „Но, симболичката компонента на гестот на Брант не е интернализирана”

Во Германија е изработена златна паричка од две евра со мотив на клекнувањето на Брант, презентирана поштенска марка и беа планирани симпозиуми.

Руњевич вели дека полската страна не планирала ништо. Постои споменик на плоштадот Вили Брант во Варшава, едвај 200 метри од местото каде што сè се одвиваше, што потсетува на гестот на Брант. Дали тој момент им значи нешто на денешните луѓе? Бронзената плоча е веќе покриена со патина, но лицето на Брант сè уште свети. Се чини дека луѓето што доаѓаат тука треба да го допрат канцеларот што клечи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести