4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Германка освои МИЛИОНИ НА ЛОТАРИЈА, а потоа ништо не промени и продолжи да работи како келнерка

Во октомври 2018 година,  48-годишна германска келнерка освои 184  милиони франци или околу 170 милиони евра на лотарија. Но и покрај тоа таа продолжила да работи како келнерка, а зошто го направила тоа открива во интервју за швајцарскиот магазин Блик.

Во интервјуто, Германката објасни за што ги потрошила парите и зошто сè уште е келнерка во ресторан во Аргау. Таа вели дека поделила голема сума на швајцарската заедница во Арган, каде што денес живее.

Дури 23,7 милиони франци отидоа во општината, што довело до намалување на даноците за 10 проценти.

За скромноста на оваа анонимна добитничка говори фактот што таа ја задржала работата како келнерка во ресторанот во Аргау.

– Сè уште работам во ресторан како келнерка три дена во неделата. Тука сум од 2001 година и се чувствувам одлично. Парите ги вложив паметно. Дел отиде во општината, а со останатите изградив семејна куќа за себе и за сопругот, а можев да си дозволам тоа и БМВ за себе, рече анонимниот победник во едно интервју.

Таа живее во Аргау, Швајцарија, но е Германка, како и нејзиниот сопруг. Би сакала да остане анонимна, но признава дека се пофалила со своите дарежливи придобивки пред своите редовни гости во ресторанот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести