12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Засилени контроли во Тетово и Гостивар: 26 нерегистрирани возила, 18 возеле без возачка дозвола

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (05.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што санкционирани се 203 возачи. Притоа, изречени се 113 санкции во Тетово, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), шест за возење без возачка дозвола…

Во Гостивар  се изречени 90 санкции, меѓу кои, 16 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 12 за возење без возачка дозвола…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести