20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

„Оџачарот“ Мицкоски на сите им посака „среќа и успех“, а ВМРО-ДПМНЕ го влече само во порази

Наместо цврст политички став и јасна стратегија, Мицкоски се претвори во оџачар кој што им посакува и им носи среќа на опонентите. Цели возови поминуваа крај ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски само ги пропушташе шансите и како железничар им посакуваше среќа на сите што поминуваа покрај него и ВМРО-ДПМНЕ.
„Му посакувам среќа и успех“ е најпрепознатливата реченица на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по која ќе го запомнат добар дел од оние кои редовно ја следат и разбираат политичката сцена. Христијан Мицкоски ја оваа синтагма ја употребуваше често, поточно секогаш кога сакаше да покаже сила и дека ситуацијата му е под контрола. Најмалку 20-тина пати годинава Мицкоски во разни пригоди посакуваше среќа и успех, а практично ги најавуваше поразите и личните неуспеси.

На 25 Февруари годинава, Мицкоски изјави дека деспотизмот бил на својот врв. „Им посакувам среќа и успеси“ на СДСМ и БЕСА на изборите.

На 27 Фефруари , Мицкоски изјави „Нека им е со среќа на СДСМ и БЕСА, ние одиме со коалицијата Обнова за Македонија“. Во истата пригода појасни дека мали биле шансите тој да формира предизборна коалиција со партија на Албанците.

На 28 февруари, Мицкоски оцени дека Заев е лицемерен, но повторно во негов стил му посака среќа на својот опонент.


На 19 Мај, Мицкоски сеуште мислеше дека е фактор кој може да влијае на главните одлуки. Тогаш силно се противеше на закажување на предвремените парламентарни избори кои сам ги бараше. Инсистираше на одложување , а главен аргумент му беше Корона кризата се до моментот додека не му беше сооптено дека е сам и изолиран во барањата и дека неговиот страв од пораз не може да го правда со пандемијата.
„Доколку СДСМ одлучат сами да одат на избори во јуни и да газат врз здравјето на граѓаните НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА“ изјави тогаш Мицкоски.

На 23 мај, Мицкоски ги повтори своите желби и честитки до политичките опоненти. „Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција, слободно НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА“, изјавитогаш Мицкоски.

Четири дена подоцна, на истата тема Мицкоски повторно му посака среќа на Заев. „Ако тие ценат дека така треба да ја менаџираат државата, тогаш НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА изборниот процес“.

Дали Заев имаше среќа или Мицкоски беше толку неспособен е неважно, но СДСМ ги доби изборите кои им беа загубени. После изборите веќе на Заев веќе не му требаше среќа, па Мицкоски си најде нови противници на кои почна да им посакува се најдобро.
Одговорност за поразот не понесе, а главни опоненти му станаа сопартијците кои побараа закажување на вонреден на кој што би се анализирал неговиот учинок во изборниот пораз.
„Нека му се со среќа на Заев, Мијалков и останатите“, го прошири тогаш својот список „оџачарот“ Мицкоски.


Иако доби овластување од Централниот комитет за да формира владино мнозинство, Мицкоски не успеа во тоа. Партиското членство го мотивираше дека не било време за оставки , туку дека било време тој да состави влада, но на крај повторно мораше да посакува среќа.
На 11 Август, на ред дојде Али Ахмети на кого Мицкоски му посака среќа во преговорите со СДСМ.

На 8 Октомври, не посочи имиња, но повторно им посака среќа на оние кои сакале да формираат нова партија, нагласувајќи дека Заев користел разни алатки.

Во Ноември на дневен ред дојдоа изборите во Штип. Мицкоски првин изјавуваше дека во Штип се брани Македонија, а откако не успеа да најде и промовира кандидат за градоначалник одлучи да ги бојкотира изборите и бастионот на ВМРО-ДПМНЕ да му го препушти на СДСМ без борба.
„Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев“, напиша тогаш на фејсбук Мицкоски правдајќи се за бојкотот.

За да нема забуни кога им посакува среќа на опонентите, Мицкоски се потруди да објасни што значела среќата за него. „Кога сме задоволни, сигурни, кога семејството е обезбедено, децата имаат иднина, државата е средена. Кога сте почитувани, а вашата работа вреднувана. Среќа е кога ова станува реалност, но реалноста покажува дека токму ова се работите кои недостасуваат“, објасни Мицкоски.

Сепак среќа не им недостасуваше на сите на кои им ја посака.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести