20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЕПИДЕМИЈАТА НЕМА ДА СТИВНЕ НЕ ЧЕКА ТЕШКА ЗИМА И ГОЛЕМА БОРБА

Американските експерти веќе со недели ги предупредуваат граѓаните дека оваа зима ќе биде една од најтешките периоди во историјата кога станува збор за здравјето.

Од Калифорнија до Канзас, од Масачусеџ до Флорида и насекаде на друго место во САД, докторите, медицинските сестри, болниците но и погребните заводи, ги зголемуваат капациетите, пишува Си-Ен-Ен.

Бројот на новозаразени не престанува да опаѓа, а се очекуваат уште црни бројки после неодамнешната прослава на националниот семеен празник Денот на благодарноста.

Дневниот број на новозаразени со коронавирусо во САД, првпат надмина 228.000, а на рекордно ниво е и бројот на хоспитализирани, нешто повеќе од 100.000.

Само во Калифорнија денеска се регистрирани рекордни 25.000 нови случаи. Вчастите ги забраниле сите собирања, дури и приватните, а вовеле и нови рестриктивни мерки.

Гувернерот Тенесија Бил Ли потпишал декрет во кој се упатуваат припадниците на Националната гарда како помош во болниците кои се преоптеретени со пациенти.

Јужна Калифорнија може да се соочи со карантин бидејќи процентот на слободно единици на интензивната нега опадна под 15.

Иако употребата на вакцините против коронавирусот се ближи, пред САД е долг пат до враќање во нормала, пишува Си-Ен-Ен.

„Реалноста е дека декември, јануари и февруари ќе бидат тешки“, рекол Роберт Редклиф, директор на американскиот Центар за контрола и превенција од болести.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести