10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Вакцината нема одма да ја елиминира короната и да стави крај на пандемијата

Одлуките што ги донесуваме сега може да значат живот или смрт за нас, за нашето семејство

Појавата на поефикасни вакцини против КОВИД-19 и придружниот оптимизам  нема да го елиминираат вирусот, предупреди Светската здравствена организација, пренесува АФП.

Според веб-страницата „Worldometers“, бројот на заболени од вирусот корона во светот од почетокот на пандемијата е 66.103.823, 1.521.806 луѓе починале како резултат на инфекцијата, додека 45.712.790 пациенти оздравеле.

– Вакцините не значат нула КОВИД – рече Мајк Рајан одговорен за итни ситуации во СЗО и објасни дека вакцините сами „не можат да ја завршат работата“.

Службеникот за управување со пандемија на СЗО, Марија ван Керков го повика населението навистина да размисли што ќе прават за време на празничната сезона на крајот на годината, со цел да се ограничи преносот на коронавирус.

– Одлуките што ги носиме сега може да значат живот или смрт за нас, за нашето семејство – рече таа.

Пандемијата на коронавирус започна повторно да се шири повторно во светот во времето кога се објавуваат плановите за масовна вакцинација во неколку земји.

– Напредокот направен во областа на вакцините го подигнува нашиот морал и сега можеме да ја видиме светлината на крајот од тунелот – рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, но тој предупреди на растечкото чувство дека пандемијата не е завршена.

„Додека се дистрибуираат вакцините, луѓето треба да продолжат да ги почитуваат мерките за јавно здравје за да можат сите да бидат заштитени“, рече Тедрос.

Vakcina, korona

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести