7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЧКО, 4 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека четири лица, од кои три потешко, се повредени во сообраќајната несреќа која вчера во 13.50 часот се случи на магистралниот пат Струмица-с.Дабиле, пред место викано „Сачевска крстосница“.

Во несреќата учествувале два автомобили со струмички таблички, „Опел астра“ управувана од К.М.(73) од Струмица и „Пежо“ управувано од Т.И.(44) од с.Сушица.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Т.И. и сопатниците од истото возило, Б.И. и С.И., а со телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Медицинскиот центар во Струмица, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести