20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Претрес во Чифлик и Ржаничино, пронајдено оружје

Денеска Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена
трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција
со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со
дрога, а врз основа на претходно издадена наредба за претрес од судија на
претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом
и други простории во с.Ржаничино и с.Чифлик, скопско, кај С.Л.(57) и кај
М.Л.(67), и двајцата од с.Чифлик.


При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75
куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал.
7,65×39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна
муниција.


Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање
на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести