1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ОВИЕ ТРИ РАБОТИ НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ МИЛИОНЕРИТЕ КОИ САМИ ГИ ЗАРАБОТИЛЕ ПАРИТЕ

Интервјуирајќи повеќе од 500 милионери и проучувајќи ги нивните навики, Томас Стенли открил дека повеќето од нив се изненадувачки штедливи. Многу од нив не фрлаат пари кон луксузни предмети, но се обидуваат да ги вложат паметно.

Тој исто така открил дека меѓу оние кои се однесуваат така, повеќе од 80 проценти се оние кои  парите ги заработиле самостојно и не ги наследиле, пишува Бизнис Инсајдер.

Ова се нивните три вообичаени навики.

1. Немаат паричник полн со ексклузивни кредитни картички

Кога помислувате на начинот на живот на милионер, замислувате голем број скапи кредитни картички со големи ограничувања, ако не и бројни придобивки што ги добиваат само најбогатите. Според истражувањето на Стенли, оние кои сами ги заработиле парите не се жалат на скапото одржување на кредитни картички, туку користат поевтини варијанти.

2. Не купуваат премногу скапи подароци за децата

Милионерите секогаш се подготвени да издвојат пари за образование, како за себе, така и за своите деца, но многумина знаат да кажат „доволно“ кога станува збор за поддршката што им ја даваат на своите возрасни деца. Тие знаат дека прекумерното давање пари и привилегии на децата може да биде штетно, а непишаното правило е дека колку повеќе пари добива дете, толку помалку ќе биде самостојно. Тие даваат големи подароци и обично им помагаат да купат сопствен дом.

3. Не трошаат саати во водење на своите обврски

Истражувачите дошле до заклучок дека поседувањето акции е главната деловна стратегија на повеќето милионери. Но, повеќето испитаници не ги допираат често, затоа повеќе од 40 проценти од нив не тргувале со акции во изминатата година, така што тие не минуваат часови во водење на своите обврски, туку има кој да им ги врши тие работи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести