1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

КОРОНА ХОРОР ВО СОЛУН: Гробиштата преполни, се повеќе починати..

Солун се наоѓа во центарот на вториот бран на вирусот корона.

Сликите од гробиштата во Солун, Грција се страшни – ископани се стотици нови гробници за жртвите на вирусот корона, додека униформираните копаат нови и дење и ноќе. Солун е во центарот на вториот бран на коронавирус, а од вкупно 2.186 нови случаи во средата, во овој град се забележани 453. Страшните последици од пандемијата може да се видат на гробиштата во Солун, кои се преполни и нема повеќе места за мртвите, поради што се копаат нови гробници за жртвите на вирусот корона.

Властите соопштија дека 18 лица починале од корона за два дена. Ископани се нови гробници на гробиштата Воскресение на Господ, додека досега беа извршени 70 погребувања на гробиштата Евосмос на другиот крај од градот, додека други 130 дополнителни гробници се достапни за жртвите на вирусот. Бројките се застрашувачки, пренесуваат грчките медиуми. Од април досега се извршени над 160 погребувања на жртви на вирусот корона, а повеќето од нив се случија во последните два месеци.

Грција денес ги продолжи ограничувачките мерки до 14 декември со цел да се запре ширењето на вирусот корона, изјави владиниот портпарол Стелиос Пекас. Ова е втора блокада од почетокот на пандемијата и е продолжена за една недела. Грција досега има регистрирано 109.655 пациенти со корона и 2.186 смртни случаи, а северна Грција е најтешко погодена од короната и болниците се преоптоварени. Првата одлука на владата беше да се задржат ограничувачките мерки до 30 ноември, така што тие беа продолжени до 7 декември, а сега до 14 декември. Пекас додаде дека сезонските продавници што продаваат само божиќни артикли ќе можат да се отворат следната недела.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести