9 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

ЕВРОПА ВО ПРОБЛЕМ – Им се заканува ли на државите должничко робство!?

Начелен договор за проширување на овластувањата на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој обезбедува помош за задолжените земји од еврозоната, беше постигнат пред скоро една година, а министрите најверојатно ќе постигнат конкретен договор на почетокот на следната недела, шпекулира Ројтерс.

„Целта е конечно да се постигне договор за измена и дополнување на повелбата на ЕСМ и за претходно воспоставување на механизам за гаранција во рамките на Единствениот фонд за ликвидација (банки)“, објаснува претставникот на еврозоната кој учествуваше во подготовките за состанокот, пренесува порталот „Сибиз“.

Повелбата на ЕСМ ќе биде изменета за да се намали ризикот од инвеститори кои се обидуваат да заработат што е можно повеќе пари во случај на преструктуирање на државниот долг и да му се обезбеди на фондот повеќе простор за маневар помеѓу државите и инвеститорите.

Измените исто така ќе му овозможат на ЕСМ да позајми пари на фонд за ликвидација на банка во еврозоната, во случај нејзините ресурси да пресушат во можна голема банкарска криза.

evro, evri, novac

Работата на промените беше прекината минатата година поради политички пречки во некои земји, но работите се променија по извештаите за ризиците во банкарскиот сектор направени од Европската централна банка (ЕЦБ), Европската комисија и Европската банкарска агенција, објаснуваат тие.

Проблем на хоризонтот

Фокусот дополнително го изостри пандемијата „Ковид 19“, која ја втурна Европа во рецесија и го зголеми ризикот од финансиска криза.

„Пандемијата апсолутно внесе живот во процесот. Одеднаш на сите им осамна дека има нови финансиски и банкарски проблеми и дека е можно и дека мора да се подготвиме за нив “, изјави неименуван претставник на еврозоната.

Мерките се менуваат со акцент на подлабока економска интеграција на еврозоната, а паралелно се подготвува и план за Европскиот механизам за осигурување на депозити (ЕДИС), за кој министрите ќе расправаат во понеделник.

„Останува уште огромна техничка работа (на ЕДИС)“, додаде висок претставник на еврозоната, посочувајќи на разликите во ставовите на земјите-членки кон осигурувањето на депозити.

Механизмот треба да спречи брзање кон шалтерите на банките со европска гаранција за сопствениците на банкарски депозити дека во случај на проблеми, ќе им бидат исплатени до 100.000 евра, без оглед во која земја на ЕУ живеат.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести