Синдикатот на Еурокомпозит, здружението на сметководители, естрадните уметници и сите кои изминатиов период се собираа на протести пред владата имаат поголема поддршка и подобро организирана структура од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во моментов.
После неколкудневната организација, вчера Мицкоски реши да ги радикализира протестите и да повика на масовност за изразување на револтот од последното интервју на Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.
На блокадите на сообраќајниците, според полициски податоци, се појавиле околу 120 лица пред Министерството за надворешни работи и околу 180 пред зградата на Владата. Вкупно на повикот на Мицкоски за надпартиски позив се повикале вкупно 300 лица.
Доколку 10% биле навистина непартиски , тоа значи дека Мицкоски заедно со целата опозиција едвај успеал да собере 350 луѓе. Ако 100-тина биле од ГРОМ, Социјалистичка партија и другите коалициски партнери, тогаш на повикот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ значи дека се појавиле околу 300 членови и активисти.
ВМРО-ДПМНЕ во моментов има преку 500 функционери во партијата, во Собранието и во локалната власт, односно советници во општините. Не само што тие не довеле некој од нивните семејства, туку и самите не сакале да се појават и да бидат видени со Мицкоски.
Дури и јавни личности кои порано ги поддржувале протестите на ВМРО-ДПМНЕ, сега отворено се сомневаат во капацитетот на Мицкоски да го поведе народот.
„38, или 39 партиски функционерчиња има на протестите на мицињата?! Пред МНР толку се, не знам пред влада дали и толку има. Добро е, изгледа народот го разбра моето добронамерно предупредување да не одат на партиските митинзи на дпмне. Оставка од Мицкоски и цело раководство!“, побара професорот Тони Науновски.

Мицкоски нема капацитет да ја поведе опозицијата во смена на Заев

Протестите се слабо посетени и без никаква енергија. Тоа е општиот заклучок на присутните и познавачите. Причините зошто е тоа така, може да се бараат во три насоки.
- Заев е идеален премиер и неговите потези се перфектни. Го вади максимумот во секој момент. Не ! Нема човек кој е убеден во ова и кој заради таа причина одлучува да не дојде на протестите.
- Прашањето е маргинално и не заслужува внимание. Односите со Бугарија не се приоритет и Македонија ништо не губи, ниту добива без разлика на решението. Оваа теза е подеднакво промашена како и претходната. Темата е број еден изминатиов период. На темата се јавија со реакции и Вашингтон и Берлин.Со поддршка за македонија се јавија и Меркел и Рикер. Впрочем и Мицкоски смета дека прашањето е исклучително важно. „Ова се моменти кога се одлучува иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да реагираме промптно и одлучно.“ рече Мицкоски во своето обраќање пред владата. Тој истакна дека му е криво што не може да дискутира за вештачка интелигенција заради договорот со Бугарија.
- Мицкоски нема никаква доверба меѓу граѓаните и заради неговиот страв да заземе некој став и честата промена на позициите, дури и членовите на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да застанат зад него. Оваа варијанта останува како најверојатна што се покажува од неуспехот да се наметне како фактор и покрај тоа што Левица и поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски му даваат поддршка за рушење на Заев.

Мицкоски за денеска повторно повика на протести пред владата и во 15 градови. Штип повторно не е меѓу градовите каде што се протестира бидејќи таму заради корона кризата , според Мицкоски нема услови за избори па би било чудно да има услови за организирање на протести.
Организација на протести со вака слаб одзив единствено му одговара на Зоран Заев за да се издише негативната енергија.
Медиа веќе пишуваше за неуспесите на Мицкоски да го канализира револтот кон власта .
