2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Тешко на ВМРО-ДПМНЕ со математиките на Мицкоски

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет, да ја обедини и поведе партијата, а уште помалку граѓаните. Христијан од харизма ја има само правата буква“, коментираат членови на партијата кои одлучиле да не се појават на протестите пред владата.
Слабиот одзив на протестот на кој повика Мицкоски, а кој требаше да значи одбрана на националните интереси го покажа неговиот максимум. Ставањето етикета „надпартиски“, а преземањето на микрофонот од Мицкоски, покажа дека е во состојба да употреби буквално се само за да се промовира себе си.
Опкружен со десетици телохранители, Мицкоски после преземањето на микрофонот беше исвиркан , а после сите јуришници се упатиле да се физички да се пресметуваат со присутните.

Општата оценка е дека Мицкоски не само што не успеал да го канализира револтот на граѓаните, туку одвратил голем дел од нив за да се приклучат и да протестираат. Разочараност, апатија и незаинтересираност беа главните впечатоци од слабо посетениот протест на Мицкоски, кој се обиде прв да ги собере политичките поени од интервјуто на Зоран Заев.
Според помициските извештаи, пред владата имало од 1000 до 1500 лица што е бројка која е премала и за средно голема партија која излегува да го искаже својот револт за помалку важно прашање.
Сепак, ваквата слаба посетеност не беше причина Мицкоски да продолжи да шири лажна еуфорија и да се обидува да профитира од ситуацијата.
„Јас колку што можев да забележам имаше таму активисти од политичката партија Левица, но исто забележав и голем број на други неопределени граѓани кои што го чувствуваат оној бес во себе кој што е практично резултат на погрешни политики на зз а тоа кулминираше со сервилното интервју.“ изјави Мицкоски на ТВ 21.
Нејасно е доколку имало голем број на неопределени граѓани и активисти на Левица, зошто тогаш членовите на ВМРО-ДПМНЕ му откажале доверба. Подеднакво нејасно е што е тоа голем број за Мицкоски и дали ако ВМРО-ДПМНЕ во иднина освои повеќе гласови од ЛДП тоа бо значело дека се освоени голем број на гласови.

Мицкоски и вчера продолжи со слабо посетените протести во повеќе градови кои минаа незабележително.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести