4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ТУРЦИЈА ВОВЕДУВА НАЈ РАДИКАЛНИ МЕРКИ ДОСЕГА

Турција воведува полициски час во работните денови и целосно затворање на земјата за време на викендот за да го заузда ширењето на коронавирусот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако во последните недели се бележат рекордни бројки на новозаразени и умрени.

Во работните денови на жителите ќе им биде забрането излегување од дома меѓу девет часот навечер и пет часот наутро, а за време на викендот од девет часот навечер во петок до пет часот наутро во понеделник, кажа Ердоган.

Мерките стапуваат во сила утре. Од нив се изземени секторите на производство и снабдување.

Во Турција веќе осум дена се бележи рекорден број на умрени, со 188 смртни случаи во последните 24 часа, соопшти турското министерство за здравство.

Во последните 24 часа е забележан и рекорден број на новозаразени, дури 31.219, вклучувајќи ги асимптоматските случаи.

Од почетокот на пандемијата во март во Турција од компликации со ковид-19 умреа 13.746 луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести