3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

НЕЗАПАМТЕН АТЕНТАТ КАКО ВО ФИЛМОВИТЕ СО ЏЕЈМС БОНД – објавено сценариото според кое АГЕНТИ НА МОСАД ГО УБИЛЕ НАУЧНИКОТ

Атентатот врз иранскиот научник Мохсен Фахризаде е извршен со далечински управуван митралез од растојание од 150 метри, што е во спротивност со претходните извештаи за вооружен напад од непознати лица врз неговите телохранители. Како што објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, главното безбедносно возило ја напуштило придружбата со цел да се подготват за пристигнувањето на Фахризаде во Абсард, кој е оддалечен 70 километри од Техеран. Според неименувани извори, на кои се повикува агенцијата, токму тогаш бил застрелан автомобилот во кој биле Фахризаде и неговата сопруга. Научникот, се наведува, излегол од возилото, бидејќи сметал дека станува збор за сообраќајна несреќа или дека нешто не е во ред со возилото.Како што се додава, научникот бил застрелан од митралез кој бил качен во пикап од марката „Нисан“, оддалечен 150 метри од местото на убиството.

Истрелот, велат тие, бил смртоносен. Се додава дека телохранителот на Фахризад бил исто така погоден неколку пати, а возилото експлодирало по пукањето. Агенцијата наведува дека неидентификуваниот сопственик на „Нисан“ ја напуштил земјата.
Иранскиот новинар Мохамед Ахвазе, кој живее во Лондон, изјави дека нападот го извршила група добро обучени оперативци, на кои им била пружена логистичка поддршка од тим од 50 лица, инфилтрирани од иранската тајна служба. Тие, наводно, ја прекинале електричната енергија во областа каде што бил извршен нападот за да се забави секој одговор. Ахвазе се потпре на информациите од иранските владини претставници и елитната Револуционерна гарда, вклучувајќи ги и информациите дека напаѓачите знаеле точно каде ќе биде Фахризаде.

Напаѓачите ја пресретнале придружбата со автомобил „Хјундаи Санта Фе“ и четири мотоцикли. По автомобилот пред возилото со кое поминувал научникот, напаѓачите кренале во воздух Нисан за да го блокираат возилото зад него. Потоа изјави дека тие отвориле оган кон автомобилот на Фахризаде и безбедносното возило што било пред него. Фарс објави и друг текст во кој наведуваат дека очевидци потврдиле дека иранскиот научник бил нападнат од група вооружени лица. Високи ирански претставници го обвинија Израел дека стои зад атентатот, што Фахризадеа го обвини за водење програма за нуклеарно оружјеИзраел сè уште не се огласил по тој повод.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести