13.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Енвер Малиќи, бизнисмен и заменик- градоначалник на Скопје од компликации од Ковид-19

Заменик- градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, починал утринава од компликации од Ковид-19. Десет дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје, но потоа лекувањето го продолжил во приватната болница „Систина“, каде што починал.

Малиќи на последните локални избори беше избран како советник во Град Скопје од листата на ДУИ, а градоначалникот на Скопј, Петре Шилегов во ноември 2017-та го именуваше за заменик-градоначалник.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико и познат бизнисмен, управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на „Парк хотел спа“.

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој“, напиша градоначалникот Шилегов на Фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести