15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Меркел и Рикер со поддршка за Македонија, Мицкоски и Црвенковски со блокади

Како што пренесе Дојче Веле, канцеларката Ангела Меркел на видео-конференција изјавила дека Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ.
„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рекла Меркел. Албанија, според неа направила голем напредок, но прашање е дали ќе се успее навреме со Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија. Одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рекла дека се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.
Слично како Меркел со писмо со поддршка неодамна се јави и Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер.
„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“, пишува амбасадорот Филип Рикер во писмото до премиерот Заев и додава дека САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот и истакнува дека Македонија и досега покажала дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји. Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер пишува дека Македонија тоа го докажа со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година со кој беа поставени темелите за посилни односи меѓу двете земји.
„Ве охрабруваме и вас и земјите членки на ЕУ да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.

Мицкоски, Црвенковски и Апасиев со агенда за уривање на Заев

АнтиНато и антиЕУ ориентираниот лидер на Левица Димитар Апасиев, повика на опозициско обединување за симнување на Заев.

Поранешни министри во владите на Црвенковски повикаа на одржување на вонреден конгрес за разгледување на одговорноста на Зоран Заев и гласање на доверба.

Мицкоски пак за денеска најави одржување на протести и блокади на улиците пред Владата и МНР. На протестите организзирани во петокот пред Влада, кои беа слабо посетени, Мицкоски беше исвиркан од голем дел од присутните.
Медиа,мк веќе пишуваше за едно од можните сценарија за радикализација на протестите со цел Мицкоски да се спаси од барањата за негова смена и евентуално да дојде до некоја широка влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести