2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Д-р Мјасников предупредува: Витаминот Д штити од рак, но ако се претера може да има спротивен ефект

Луѓето треба да направат промени во нивната исхрана за да спречат развој на онколошки заболувања.

Сите знаеме дека исхраната игра многу важна улога во општото здравје на една личност. И, исто како што знаеме дека прекумерното внесување на шеќер, масна и таканаречена брза храна, лошо влијае на здравјето, одредена храна има многу моќен ефект врз нашето тело. Добро познатиот руски ТВ-презентер и лекар Александар Мјасников зборуваше во интервју за ТВ-каналот Русија 1 за тоа што луѓето можат да променат во исхраната со цел да се спречи развојот на онколошки заболувања.

Тој посочи дека консумирањето на црн дроб на бакалар, харинга, јајца и млеко значително го намалува ризикот од рак, а клучот е во витаминот Д што го содржи оваа храна. Мјасников објасни дека 100 грама црн дроб содржи околу 1000% од дневната норма на витамин Д, 100 грама харинга содржи 300%, а едно пилешко јајце содржи 22%. Лекарот вели дека витаминот Д го намалува ризикот од развој на разни видови рак, вклучувајќи рак на дебелото црево и дојка, кои стануваат се почести.

Сепак, тој предупредува дека не е паметно да се претерува со внесувањето на витамин Д, бидејќи вишок во организмот може да предизвика рак на простата, што, како што вели, го покажале бројни истражувања. Покрај храната што ја споменува Мјасников, витаминот Д се внесува и при изложување на сончевите зраци, а го има и во црниот дроб, масната риба, путерот, печурките …

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести