9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Каков подарок подготви Црвенковски за Мицкоски : старата Лада или тројца пратеници ?

Интервјуто на Зоран Заев за бугарски БГНЕС и првичните реакции во јавноста ги зголемија апетитите на двајцата најзаинтересирани за абдицирање на првиот човек на СДСМ и владата.
Црвенковски самиот призна дека хибернирал седум години и не реагирал ниту на Преспанскиот договор, ниту на Договорот за добрососедство со Бугарија или било кој крупен настан.
Мицкоски хибернирал малку пократко, односно три години со повремено будење, кога требаше да статира и да ги загуби изборните циклуси кои се редеа. Мицкоски не беше дел од ниту еден важен процес, ниту имаше став по некое важно прашање.
На двајцата практично не им било важно ништо изминативе години за да се вклучат во процесите, освен несреќното интервју на Зоран Заев кое го гледаат како можност за да се пробијат во прв план.
Заедничко за двајцата е тоа што политичката елиминација на Заев ќе значи враќање на Црвенковски во СДСМ и уште една шанса Мицкоски да ја задржи претседателската позиција во ВМРО-ДПМНЕ со аспирации да биде премиер доколку Заев го загуби тесното мнозинство во собранието.
Затоа Илинка Митрева побара вонреден конгрес во СДСМ, а Христијан Мицкоски најави барање за гласање на доверба на владата.
Реализацијата на барањето на Мицкоски, реално може да се случи многу поскоро отколку вонредниот конгрес и практично во собранието ќе се види дали Мицкоски повторно погрешил во проценките и колкава е силата на Црвенковски.
Доколку Црвенковски обезбеди тројца пратеници за Мицкоски, тоа ќе биде крај за владата со оглед на тенкото парламентарно мнозинство. Доколку не обезбеди, Мицкоски мора да се надева евентуално да ја добие ладата на отпорот на Црвенковски со која што поранешниот лидер на СДСМ ги броеше поразите.

Мицкоски се откажа од поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ и сега чека да му помогнат поранешните министри на Црвенковски

Во ВМРО-ДПМНЕ сите гледаат извонредна шанса за да биде срушена владата на СДСМ, иако постојат сомнежи за капацитетот на Мицкоски да ја реализира таа операција.
Прилично чиста е ситуацијата и во СДСМ. Најголемиот дел од актуелните влијателни кадри, застанаа цврсто зад Зоран Заев. Исто така и дел од постарите кадри кои се сега во коалиција.

Само мал дел од поранешни партиски функционери го искористија моментот кој им го предочи Црвенковски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести