20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Контроверзниот советник во Охрид, Нефи Усеини си поднесе оставка

Советникот од редовите на ДУИ, бизнисменот Нефи Усеини, поднел оставка од Советот на град Охрид, во кој беше член од 2017 година.

Претседателката на Советот Живка Ангелоска, за Охридњуз потврдила дека Усеини поднел оставка.

Согласно деловникот, оставката треба да ја разгледа Комисијата за верификација, избори и именувања, по што на следната седница, која ќе се одржи идниот петок, советот треба да ја констатира истата, по што треба да се спроведе постапка за верификација на мандатот на новиот член на советот. – појаснува Ангелоска.

Таа истакна дека не и се познати причините за оставката, бидејќи истата се уште ја нема видено.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести