12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ФЕНОМЕН: ЕВЕ ЗОШТО МЛАДИТЕ ЖЕНИ НЕ САКААТ ДА ИМААТ ДЕЦА

Резултати на студија покажуваат зошто многу млади парови не сакаат да имаат деца.

Паровите кои се плашат од климатските промени, се поретко одлучуваат да имаат деца, затоа што се плашат дека нивните наследници би можеле да се борат против климатската апокалипса, покажа, академска студија од Сингапур.

Истражувачите испитале 600 луѓе на возраст од 27 до 45 години, а 96 проценти биле многу загрижени за иднината на нивните можни потомци, објави Гардијан.

– Чувствувам дека не можам да донесам дете на светот со чиста совест и да го принудам да преживее во ситуација што може да биде апокалиптична, поради климата – изјавила девојката (27) која учествувала во истражувањето.

Се додава дека некои родители веќе жалеле што имаат деца во такви услови.

Родителството потенцијално значи дека едно лице ќе произведе јаглерод диоксид што ќе предизвика аларм за климата, но 40 проценти од испитаниците не се грижеле за тој факт.

– Стравот да оставите „отисок“ на јаглерод диоксид затоа што имате деца е апстрактен и далечен. Но, стравот од децата е многу длабок и емотивен – рече Метју Шнајдер-Мајерсон од колеџот Јеил-НУС во Сингапур, кој ја водеше студијата.

Иако двата пола биле застапени во студијата, сепак жените сочинувале 75% од испитаниците.

– Климатските промени се единствениот фактор што ме натера да одлучам да немам деца. Не сакам моето дете да живее во свет што умира, иако би сакал да бидам мајка – рече испитаник  на 31 година.

Шест проценти од испитаниците признале дека се чувствуваат виновни затоа што имаат деца.

– Од оваа гледна точка, жалам што родив деца, бидејќи се плашам дека еден ден ќе се соочат со крајот на светот поради климатските промени – рече една мајка (40).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести