10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Јадела ферментирани круши , еве како изгледа пијана верверичка (видео)

Кетлин Морлок од минесота минатата недела го чистела фрижидерот и видела дека во него има презреани круши. Не ги фрлила туку ги оставила во дворот за да ги изедат верверичките кои редовно ја посетувале. 

Една од редовните гостинки веднаш дотрчала и почнала лакомо да јаде, а по еден час Кетлин забележала дека нешто чудно се случува со животното. Гледајќи во верверичката како неприродно се ниша напред назад, всушност сфатила дека се опијанила од ферментираните круши.

Видеото со пијана верверичка во рекордно време станало вирално.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести