8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ОТИДЕ ДО ПЕКОЛОТ И СЕ ВРАТИ – Неверојатна приказна на човекот кој се разбуди во мртовечница

Откако бил префрлен во болница, Киган го шокирал персоналот во мртовечницата.

Еден човек во Кенија, за кој претходно беше прогласен мртов, се врати во светот на живите и стана свесен по три часа подготовки во мртовечницата за погреб. Питер Киган (32), кој страдаше од проблеми со стомакот, се онесвести во семејната куќа и беше итно пренесен во локалната болница во областа Керичо, објавија локалните медиуми. Според проценката на лекарот, бил прогласен за мртов. Откако бил пренесен во болница, Киган го шокирал персоналот во мртовечницата кога одеднаш се разбудил и почнал да плаче од болка бидејќи во тој момент медицинските работници му направиле засек на десната нога.

Како што објави локалната ТВ, „Питер Киган е човек кој отиде до пеколот и се врати“. Неговиот помлад брат за локалниот весник „Стандард“ изјави дека неговата сестра му рекла дека пациентот починал пред да стигнат до одделот за итни случаи, пренесува „Дејли меил“. Семејството на Киган сега бара правда и ја обвини локалната болница за несовесно лекување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести