Еден од најпознатите војсковотци во историјата.
На денешен ден 49. години пред новата ера, Јулие Цезар со својата 11. легија ја поминал реката Рубикон, со што и тој и неговите легионари по римски закон автоматски се осудени на смрт, и токму од тогаш е позната изреката “коцката е фрлена“.
Поимот да се помине Рубиконот и денес значи да се донесе некоја ризична одлука од која нема враќање. Имено, Рубикон била река преку која ниеден римски војсководач не смее да ја поведе војската.
Таков пропис бил наменет да се заштити Рим од вони диктатори кои би можеле да ја наметнат својата власт заземајќи град со своите воени сили.
Јулије Цезар донел одлука да ја помине реката Рубикон со својата 11. легија и да се упати кон Рим. Со тој чин Цезар и неговите легионари автоматски се осудени на смрт по римскиот закон.
Наводно Цезар тогаш ја изјавил познатата реченица “Коцката е фрлена“, токму и поради тоа немало враќање откако тоа го направил.
Интересно е што таа реченица ни тој прв не ја изговорил, туку ја преземал од Менандера, неговиот омилен писател од Елада.
Меѓутоа, Цезар успеал да победи во граѓанската војна, а како Сенатот побегнал од Рим, смртна казна врз него и легионатите не е извршена.
