На 26.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка
полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје- Единица за
недозволена трговија со дрога во рамките на засилените мерки и активности за
сузбивање на недозволената трговија со дрога, врз основа на претходна
издадена судска наредба, изврши претрес кај М.Г. (29) во викенд куќа во село
Моране, скопско. При извршениот претрес е пронајден еден килограм
марихуана и еден пиштол. Лицето претходно е лишено од слобода. По
документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до
надлежното Основното јавно обвинителство
