Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МАСОВНА АКЦИЈА – СЕ АПСАТ ЛЕКАРИ

Шесмина луѓе, воглавно лекари, денеска се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, соопштиле локални медиуми.

Криминална група ги лажела семејства на починати, зборувајќи дека органите ги користеле да им помогнат на болни луѓе на кои им била потребна трансплантација, пренесува ББЦ.

Со истрага е утврдено дека меѓу 2017 и 2018. година извадиле јетра и бубрези од 11 луѓе во болниците во провинцијата Анхуи.

Во Кина има многу луѓе на листа на чекање за органи, а државата тешко наоѓа доброволни донори, додава ББЦ.

Според пишување на локални медиуми трговија со органи се занимавале четворица високо рангирани лекари кои работеле во одел за донација на органи во болниците.Најмногу ктраделе органи од жртви на сообраќајни несреќи, кај кои имале тешки повреди на мозок, додека другите органи биле неоштетени.

Шефот на интензивна нега, доаѓал до семејствата да ги праша дали дозволуваат донирање на органи на починатите, со што неклои семејства потпишале согласнос.

Телата биле носени од болница сред ноќ и ставени во комби, кое било фарбано во амбулантно возило а потоа на непознати локации ги сечеле и ваделе органи.

Органите ги продавале на поединци или на болници во тајност, а криминалната група е откриена кога син на една од жртвите му станало сомнително.

Ши Ксијанглин неколку месеци по смрта на неговата мајка 2018. година ги прегледал документите во кои пишувало дека се согласува донирање органи, меѓутоа наишол на некои недостатоци во документите , вклучувајќи неколку празни полиња што укажувале дека не знае каде отишле органите. Кога открил дека нема податоци каде се донирани органите на неговата мајка, прашал каде се, на што шефот на интензивна нега му понудил голема сума пари само да замолчи, но тој отишол право во полиција.

најчитани вести

Забава

Пејачката објавила видео кое ги “вознемири“ сите. На Јелена Карлеуша и недостасува летото, а на нејзините следбеници голотија на Инстаграм. Пејачката на својот Инстаграм...

Забава

Светски познатата поп дива, Мадона, ги загрижи обожавателите со својот последен пост на социјалната мрежа Instagram. Познато е дека Мадона имала одредени естетски зафати...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...

Забава

Регионалните медиуми пишуваат дека дошол крај на бракот на Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ, па наводно пејачката сега повторно е заљубена и е...