12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ВИДЕО) Запознајте го вистинскиот Могли -ОВА ДЕТЕ НАВИСТИНА ЖИВЕЕ САМО СО ЖИВОТНИ

Мајката на момчето Ели, веќе познато како „Могли“ од реалниот живот, е принудена да го следи својот син низ шумата за да го фати со јамка, бидејќи тој бара храна низ тревниците и живее како животно.

Момчето Ели не може да зборува и одбива храна подготвена од неговата мајка, но тој претпочита да бара банани и други плодови, во шумата близу неговото село во Руанда, или едноставно да јаде трева.

Неговата мајка го опишува како посебно дете и дар од Бога, бидејќи таа и нејзиниот сопруг претходно изгубиле пет деца за време на породувањето.

Ели се појави во документарец на ТВ мрежата Афримакс, кој покажува како тој бил сурово малтретиран, нарекувајќи се „мајмун„ поради неговиот начин на живот.

„Тој не сака храна, претпочита да јаде банани, не е образован и нема професија. Сè што сака да прави е да бега, кога ќе види луѓе, бега од нив. Секој пат кога тој ќе започне да трча, јас трчам по него и го запирам со јамка што ја направив посебно за тоа. „За една недела поминуваме и до 230 километри“.

„Ако не го следам, тој воопшто нема да дојде дома“, вели мајката на момчето.

Документарецот покажува како целото село се обидува да го оддалечи од шумата за да го заштити од дивиот свет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести