3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Сметате дека вашата работа е тешка – само погледнете го ова

Рускиот мост кој  ги поврзува двата полуострови на кои се наоѓа Вадивосток, не преминува река, туку Залив на Тихиот океан и добар дел од годината е под мраз.

Заради безбедност потребно е редовно чистење на тој мраз. За таа работа ангажираат алпинисти.

На снимките од беспилотното летало е прикажано лице кое виси на кабелскиот мост додека го крши мразот. Бидејќи мразот паѓа од голема висина, мостот е затворен и Владивосток останува поврзан  само со траекти.

Во петокот, гувернерот на регионот објави вонредна состојба поради лошите временски услови.

Поради такви услови се случува мостот често да биде затворен. Бидејќи Владивосток има океанска клима, снегот е редок, но проблем е замрзнатиот дожд. Затоа специјални компании кои вработуваат алпинисти водат грижа за мостот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести