20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА АКЦИЈА: ЗАПЛЕНЕТА МАРИХУАНА – ги открила голема сметка за струја

Шпанската национална полиција, заедно со холадската и белгиската сојузна полиција и Европол заплениле врз основа на огромни сметки за струја, повеќе од 34.000 билки од марихуана и уапсиле 17 лица во низа на координирани рации во три земји.

Се проценува дека е украдена струја која се користи за напојување на диви садници во затворено која изнесува преку милионипол евра, се наведува во соопштението на Европол.

Мрежа на организиран криминал, кој воглавно е организиран од албански државјани, работела така што лоцирале и опремиле зграда во мирен дел во предградието на Барселона а потоа ја користеле за масовно произвотство на марихуана (3-4 берби годишно.)

Криминалците го пренасочиле снабдувањето со електрична енергија и вода како илегално би одгедувале марихуана во затворено.

Откако ќе ја собереле, марихуаната ја испраќале во Холандија скриена во палети натоварени во камиони.

Криминалците користеле шифрирани сретства во комуникации, наведува Европол.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести