5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

СЕВЕРИНА НЕ ЗАСТАНУВА: Улови нов дечко – еве колку е помлад

Пред неколку месеци се шушкаше дека бракот на пејачката Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) завршил. Дека е тоа така, не може да се каже со сигурност затоа што тие никогаш не го објавиле тоа, но објавите на социјалните мрежи сведочат со месеци дека парот е разделен, бидејќи се на различни адреси на живеење.

Според српските медиуми, Северина пронашла нова љубов. Споменатиот таблоид тврди дека Севе е во врска со десет години помладиот сопственик на винарија, Томислав Воштиниќ.

Сите се сомневаа дека нешто чудно се случува кога сите од семејството Којиќ, односно таткото на Игор, Кеба, неговата сопруга Оља и сестрата на Игор, Наташа, престанаа да ја следат Северина на социјалните мрежи. Сите го сторија тоа, освен 33-годишниот Игор.

Самиот Кеба неодамна проговори за нивната врска за српските медиуми.

Не знам каде се, ниту па знам каков е нивниот однос. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и секогаш знаеле што да прават. Од друга страна, сè што прават, си прават на себе, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести