11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СОСЕДИТЕ ЗА МЕДИУМИТЕ ОТКРИЈА КАКВА КОМШИКА Е САНДРА АФРИКА

Пејачката Сандра Африка за свој дом ја одбра населбата која е многу популарна меѓу познатите.

Соседите велат дека речиси секојдневно ја сретнуваат во кафулињата, но и во теретана.

Често е во станот иако се зборува дека има куќа надвор од Белград. Ги користи сите привилегии во населбата, па може да ја видиме во кафулиња, во теретана, не е ни чудно што е толку згодна. Иако сите се познаваме, се дружиме и си помагање, ретко кој пие кафе со неа. Најверојатно таа има свој круг на пријатели со кои го поминува своето време. Сите ја препознаваат, децата некогаш барааат да се фотографираат, а таа никогаш не одбива, вели сосетка на Сандра и додава дека била сведок на нејзина кавга.

Цело лето се сончаше на тераса. Излегуваше во провокативни комбинации, па се местеше. Терасата и е свртена кон останатите згради и сите ја гледаа од своите домови. Често ја слушаме како се кара со некој на телефон, нема срам. Гласна е, некогаш знае да ни смета, но ајде, да не прави други проблеми. Ни сопрузите не протестираат кога ќе ја видат на тераса, заклучува сосетката.

Постара госпоѓа вели дека секогаш е средена и дека убаво се однесувала со неа.

Ја сретнувам кога оди да го шета кучето или кога оди во набавка. Нормална е, насмеана и љубезна. Секогаш е средена, се гледа дека вложува во изгледот, сака скапи и брендирани работи, вели госпоѓата.

Младо момче вели дека секогаш се радува кога ќе ја види Африка во провокативни комбинации.

Каде и да оди го привлекува вниманието поради провокативното облекување. Секогаш е нешто кратко и сака да покаже. Млада е, игра на картата сексипил. И кога е во спортско издание изгледа провокативно. Се радувам кога ќе ја сретнам во теретана во хеланки и во кратка маица, вели момчето.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести