Нови научни истражувања покажале дека постари лица, кои спијат повеќе од девет часа, ги имале првите знаци на деменција.
Кај лица во просечен животен период од 72 години, кои во тек на десетгодишен период постојано ноќе спиеле повеќе од девет часа, е можност од заболување на Алцхајмер или сличен облик на деменција и е двојно поголема отколку кај оние кои спиеле помалку.
Поранешни истражувањата покажале дека честа дигресија во говорот кај старите лица била индиција за благо когнитивно пореметување кое може да се развие во Алцхајмерова болест.
Други студии покажале дека константно долго спиење и кај млади луѓе неретко е знак дека во позадина постои здравствен проблем како што е депресија, рак или невролошко пореметување
