14.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ОВА ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСКО: Објавен трејлер за играниот филм “Том и Џери” (видео)

Штотуку беше објавен првиот трејлер за играниот филм „Том и Џери“, а мислењето на публиката веќе е поделено.

Филмот, кој треба да се појави во кината во 2021 година, ќе покаже во какви авантури се вмешале Том и Џери во Њујорк. Том и Џери ќе бидат единствениот анимиран дел од филмот. Покрај нашите омилени цртани ликови, Клои Грејс Мортез игра една од главните улоги. Таа игра организатор на венчавката, чија задача е да го истера новиот станар од хотелот пред венчавката – глушецот Џери.

Сценариото е напишано од Кевин Костело, а во режија на Тим Стори. Се заснова, како што знаеме, на класичните ликови на Џозеф Барбара и Вилијам Хана. Во филмот играат и Мајкл Пена, Колин Јост, Роб Делан и Кен Јонг.

Останува прашањето дали филмот успешно ќе ги измеша анимацијата и долгометражниот дел од филмот како познатото „зајаче Роџер“ или ќе помине неславно како „Штрумфовите“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести