12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ДОКУМЕНТИРАНО – Како еволуираше ликот на човекот низ вековите

Џон Гурш е палео-уметник кој, врз основа на проучување на фосили, и користејќи различни техники на скицирање, направил видео во кое покажал како се менува човечкото лице преку еволуцијата.

За нешто повеќе од минута и пол, тој ги спакува сите промени што ги претрпе нашиот лик во последните шест милиони години, а деталите за истражувањето што ги спроведе беа објавени во книгата „Обликување на човештвото“. За да ја претстави историјата на човечката фигура, Гурш користи знаење од науката и уметноста, но и имагинација.

Неговото видео во јавноста предизвика бројни полемики, како меѓу научната заедница, така и меѓу лаиците. Некои го пофалија за неговиот потфат, додека други дури му замерија што направи расистички портрет на човек.

  • Не разбирам зошто скокнува од ран човек во бел човек? Зарем не требаше да се појави човек од африканско потекло откако е изведена белата раса? Може дури и да се остане на човекот од Африка, пишува во коментарите.

Има и такви кои се обидоа да го одбранат Гурш, нагласувајќи дека „Неандерталците се кријат во нашите корени, па нема смисла да се вклучи човек со африканско потекло“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести