Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Каква е улогата на Мицкоски во бугарското вето? Германски амбасадор тврди дека Каракачанов имал средби со ВМРО-ДПМНЕ!

Поранешниот амбасадор на Германија во Скопје и Софија НЕ Клаус Шајмаер во колумна за Дојче Веле ја анализира бугарската блокада на македонските евроинтеграции, причините за проблемот и излезот од целата ситуација.

Според Шајмаер со последниот чекор на бугарските власти , Софија се нашла во меѓународно правно неодржлива позиција. Се изолирала и го изгубила не само своето влијание врз Скопје, туку и довербата на сите балкански земји, и пошироко.

Причините за ваквите чекори на Софија, Шајмаер ги гледа во разнишаната позиција на владата на Бојко Борисов чие мнозинство зависи од помалиот и далеку послаб партнер Красимир Каракачанов.

Шајмаер смета дека Каракачанов не е сам во целата операција и дека други сили надвор од бугарските граници помагаат во потпалување на огнот и блокирање на патот на Македонија во ЕУ.

„Сепак, се чини дека Каракачанов не дејствува само под влијание на неговите предрасуди кон Македонците. Неговото шпионско минато и соработката со Волен Сидеров и Атака сугерираат дека тој ја игра играта на Москва. И се состанува во Скопје со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги загуби последните избори во Македонија. Партијата, во чии редови има просрпски, а оттука и проруски сили. Партијата чиј поранешен лидер се крие од прогон во прегратките на Виктор Орбан“ , заклучува Шајмаер.

Мицкоски ги премолчува тврдењата на германскиот амбасадор

Никој од ВМРО-ДПМНЕ не ги коментира информациите и заклучоците на поранешниот германски амбасадор, иако тие прилично ја скандализираат позицијата на Мицкоски. Разбирливо, од бугарска страна нема никакви реакции.
Медиуми во Македонија веќе известуваа за можните разузнавачки врски на Каракачанов со македонската опозиција

Медиа веќе информираше дека пред десетина дена Мицкоски беше и во тајна посета на Белград која се криеше и од партиското членство и од пошироката јавност. Нашите информации не беа демантирани, но исто така и не добивме потврда за причините за итното, еднодневно заминување на Мицкоски од земјава во пресрет на бугарското вето.
Тогаш извори за медиа изразија сомнеж дека би било исклучително ризично доколку Мицкоски добива руски насоки за делување во спорот со Бугарија со оглед на фактот што повеќе надворешни фактори имаат интерес од блокада на македонските евроинтеграции.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...