23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски отиде во Белград по мислење за актуелните проблеми ?

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу еднодневната екскурзија на Мицкоски и нема потврда за причините за одложување на состаноците закажани за средата или четвртокот.

Нема никакви информации дали отпатувал сам и која била целта на патувањето, особено што доаѓа среде период на пандемија и отворено прашање со Бугарија.

Една од верзиите зошто се молчи за оваа посета на Белград, според нашите соговорници е неговиот страв дека по дознавањето на информациите од албанските партии, надежите за соработка со Алијанса и Алтернатива би се свеле на средбата во Хилтон која што веќе заврши.

Познавачите на политичките состојби коментираат дека е доста проблематично доколку Мицкоски во Србија се среќавал со структури кои застапуваат проруски интереси, во намера да придобие поголема поддршка затоа што екскалацијата и дополнителното разгорување на проблемот со Бугарија е заеднички интерес и на бугарските националисти и на антинато структурите во Македонија, но и на групации кај северниот сосед кои сметаат дека Софија не смее да го шири своето влијание.

Имено некои од медиумите веќе пишуваа дека преку разузнавачкото подземје во Бугарија и нивни линкови во Македонија се режира поголем конфликт кој на Каракачов би му донел политички поени и промоција во патриот, а Мицкоски исто така би добил политичка криза во која што би поентирал.

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, тврдеше „Бараат да се откажам од тврдењето дека македонско-бугарските односи се заложник на мафијата и да престанам да ја известувам јавноста за игрите околу ‘конзулот’!“, мислејќи на блискиот соработник на Мицкоски Орце камчев.

Со кои структури Мицкоски имал средби во Србија засега нема потврдена информација, но велат дека не може да се исклучи и можноста за приватна бизнис посета. Дел од медиумите веќе пишуваа дека Мицкоски има контакти со Србија откако во минатото и работел како директор во фирма која тргувала со струја.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести