Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Од почетокот на Корона кризата до денес е дуплиран бројот на бездомни лица

Економијата пропаѓа, бројот на невработени порасна над 45 илјади од почетокот на кризата до денес, но за 50 % се зголеми и бројот на бездомни лица и над 20 проценти се зголеми и бројот на социјално ранливите семејства. Од 60 до 70 бездомни лица кои дневно се услужуваат во Црвен крст сега се 100 до 110 лица.

Секогаш се изложени на студ, слаба исхрана, загаден воздух и први на удар на различни вируси. Во моментов 150 бездомници ги користат услугите на Црвениот крст. Според новите здравствени протоколи тие сега го добиваат својот топол оброк на влезот на терпезарискиот дел.

Бројка која што рапидно се зголеми за 50 проценти и затоа се отвори уште еден ден среда покрај постоечкиот ден петок. Ако во среда досегашните 30 бездомни лица се усложуваа сега се 60 до 70, а на постоечките 60 до 70 лица во петоците се услужуваат веќе 100 до 110 бездомни лица, вели Драгана Лазаревска од Црвен Крст.

Во меѓувреме се зголеми и бројот на социјално загрозени семејства во одредени општини кои бараат помош.

За жал, се зголеми бројот на социјално ранливи семејства со пандемијата, верувам дека и очекувано, грубо речено можеби за 20 проценти се зголеми нивниот број. Ние тоа го гледаме според барањата за еднократна парична помош која што ги доделува општината. Едно семејство може еднаш во годината да добие еднократна парична помош но според барањата таа бројка сега е зголемена, вели Стефан Богоев Градоначалник на Карпош.

Стручните тимови на Црвениот крст кои бројат 754 волонтери секојдневно се задолжени за грижа за лицата кои се во ризик поради возраста, хронично болените, лицата кои се во изолација и оние кои се позитивни на КОВИД-19.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...