21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

МИЦКОСКИ ВО ПАНИКА ГИ ИСКЛУЧУВА СИТЕ КОИ МИСЛАТ РАЗЛИЧНО

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола преку соопштение реагираше на денешната изјава на Анита Ангелевска од која во целост се оградија и соопштија дека е разрешена од партиските функции. Се чини дека како одминува времето Мицкоски се повеќе се радикализира и не трпи никаква критика па разрешува кого стигне.

„Во целост се оградува од денешната изјавата на г-ѓицата Ангелевска Анита, која побара оставка на Претсетаделот на партијата Христијан Мицкоски.
Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем.
Сметаме дека изјавата на Г-ѓицата Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев. Истата, ја упатуваме правдата да ја бара во државните и меѓународните судови, а не очајнички да заработува ситни политички поени пред криминалецот Заев.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, ја разрешува Ангелевска Анита од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата“ стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести