10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Васко Наумовски до Мицкоски: Ако продолжиш да ги исклучуваш оние кои не мислат како тебе, ќе останеш сам со НЕСПОСОБНОТО РАКОВОДСТВО

Поранешниот пратеник и делегат Васко Наумовски на Фејсбук се обрати до Мицкоски и Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Наумовски е дел од Иницијативата за свикување на вонреден конгрес и е револтиран по денешното исклучувањето на Анита Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи побара вонреден конгрес. Еве што наведе во обраќањето до Мицкоски:

  • Доста е веќе со притисоци кон членовите на Општинскиот Комитет во Битола и подобро би било да почнеш со средби за да слушнеш што има да ти каже и да не мораат да излегуваат јавно со изјави во медиумите.
  • Време е да го тргнеш обезбедувањето од пред твојата врата во Централниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ и тие пари да ги употребиш за добротворни цели. Само така ќе ја дознаеш вистината или се плашиш дека вистината боли?!
  • Со исклучување на членовите од партијата што не мислат како тебе, е чисто едноумие за што ВМРО се бореше против таквиот систем.
  • Доколку продолжиш да ги исклучуваш неистомислениците како тебе, ќе останеш сам со своето неспособно раководство што се плашат од вонреден конгрес.

Потоа напиша неколку прашања и до ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со нивната реакција за изјавата на Анита Ангелеска:

  1. Како се најдовте повикани да се оградите од изјава, во која самата Анита вели дека ја дава во лично име? Ви се јавија од „горе“? Кому му се јавија?
  2. Кој ја одобри реакцијата или соопштението знаејќи дека ОК Битола моментално е без претседател и без ОК?
  3. Како тоа експресно ја разрешивте Анита од сите партиски функции, го направивте тоа според Статутот? На состанок на ОК со гласање? Кога беше одржан тој состанок на ОК?
  4. Не чувствувате барем малку срам да клеветите некого за мотивите, шпекулирајки за некакви судски уцени, посебно кога тоа се однесува на човек кој во овој мандат на Советот на Општина Битола се однесува најопозиционерски и како што доликува на Советник во Општина од ВМРО-ДПМНЕ?

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести