1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

МАТЕМАТИЧКИ ПРЕЦИЗНО: Несигурност во себе + низок рејтинг = параноја + бојкот

Во целата оваа равенка околу одлуката на Христијан Мицкоски да избега од изборно соочување во Штип, непозната останува штетата која што ќе ја претрпи партијата.
Нигериецот Симон Поликарп-Џими, кандидат на Интегра, веќе го добива своето време на националните медиуми и ја бара поддршката на вмровските гласачи, но и независните кои се незадоволни од владеењето на СДСМ. Колку гласови ќе освои Џими и дали тие гласачи некогаш би се вратиле во ВМРО-ДПМНЕ тешко е да се прогнозира, но јасно е дека со одлуката на Мицкоски се отвори можност партијата на подолг рок да ги разочара штипјани и да го загуби Штип.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментов нема цена која што е превисока за Мицкоски и која што тој не е подготвен да ја плати за да остане на функцијата па макар тоа значело и дополнително растурање на рејитнгот на партијата.

Мицкоски ја затвара ВМРО-ДПМНЕ и ја полни со сомнителни типови

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски во однос на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски е посилно само во однос на обезбедувањето, ни коментираат извори од партијата. Според нив, само околу Мицкоски кружат неколку телохранители кои се плаќаат од партијата. Со телохранители може да се забележи и неговата сопруга, а неколкумина ги обезбедуваат и партиските потпретседатели.
Новина во однос на обебедувањето е формирање на мала партиска армија од сомнителни ликови кои имаат задолжение деноноќно да го чуваат штабот. Веќе и медиумите регираат кога овие лица се движат меѓу нив на прес конференциите кои се одржуваат пред штабот. Десетина лица се дежурни и во текот на ноќта, проверувајќи некој да не се криел по спратовите. Едно дежурство, според информации од партијата се плаќало по 1000 денари, што значи дека за 10 лица трошокот на партијата е околу 150 евра на ден. Само ноќните дежуства ја чинат партијата околу 5000 евра на месечно ниво или 60 000 евра годишно. Нашиот извор вели дека кога на тоа ќе се додадат и трошоците за останатите припадници на обезбедувањето, годишно преку разни канали Мицкоски одвојува помеѓу 100 000 и 150 000 евра за да спие мирно. Од партијата ни тврдат дека веќе е формиран и тим за брза интервенција кој на повик на дежурните би можел да се појави во штабот во најкус рок и да се справи со незадоволни членови. Изворите ни велат дека меѓу ангажираните има тешки криминалци, па и ликови со досиеја за одлежан затвор за кривични дела како силување.
Новина во штабот, според нашите извори е и тоа што Мицкоски забранил користење на еден од двата лифтови. Неговото обезбедување издало налог тој да се користи само од Мицкоски и да биде на располагање на неговите гости кои ги внесувале од гаражата и не требале да бидат видени.
За дополнителни проверки, пред влезот во канцеларијата на Мицкоски неодамна била поставена и нова врата детектор. На тој начин Мицкоски сметал дека немало да има потреба повеќе да се грижи дали ќе биде сниман или нападнат.

Наместо Мицкоски да го влече напред ВМРО-ДПМНЕ, тој го урива рејтинкот на партијата

Од партијата ни велат дека и на последните истражувања на рејтинзите Мицкоски „дебело“ заостанувал зад Зоран Заев, за разлика од партијата која е блиску до рејтингот на СДСМ. Ваквиот однос, според познавачите, можел да се толерира на почетокот додека Мицкоски беше нов и непознат политичар, но скандалозно е што и после три години тој не заминува, а очигледно не оди напред.
Во Ноември 2018, порталот Курир близок до ВМРО-ДПМНЕ го фалеше Мицкоски дека бил политичар со најбрзо растечки рејтинг. Курир ова го аргументираше со податокот дека рејтингот на Мицкоски пораснал од 2,9 на 7,4%, додека рејтингот на Зоран Заев изнесуваше 21,4%.

На истото истражување ВМРО-ДПМНЕ дури има и водство од 5% во однос на СДСМ меѓу испитаниците македонци.
Слична е ситуацијата и на сите други анкети, направени цели три години по доаѓањето на Мицкоски на функцијата. Разликата меѓу него и Заев е огромна, а меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ минимална.
Ваквата ситуација, според нашите соговорници резултира со огромна несигурност кај Мицкоски која пак е причина за стравот дека незадоволни членови би можело да побараат да си замине, па затоа е потребен ангажман на десетици набилдани момчиња кои би ја чувале зградата од членовите.
Следните фотографии обезбедуваат добар преглед во разликите на рејтинзите на лично и на партиско ниво.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести