5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Арсовска: Власта треба да носи системски решенија

„Во овој момент сметаме дека институциите треба да се фокусираат на минимизирање на ефектите од пандемијата, да се работи кон тоа да се изготват соодветни мерки кои што од една страна ќе го намалат бројот на заразени, бројот на лица кои што ќе бидат ефектуирани, а од друга страна да се минимизираат ефектите кои што овие бројки ги имаат врз стопанството и врз економијата“, појасни Данела Арсовска при своето гостување на „Топ Тема“.

Арсовска посочи дека да се праша било кој граѓанин или стопанственик дали постои оптимизам, ќе ви одговорат дека веќе не постои кај нив оптимизам дека ќе се средат работите, бидејќи економијата е во надолна линија, во пад. За да се стабилизира ситуацијата во Македонија власта треба да носи системски решенија, не ад хок кои само наштетуваат.

„Потребен е систем, без систем во оваа државапосебно во ваква ситуација не можеме ништо да правиме. Нити може да очекуваме дека ќе имаме неселктивно правосудство, нити неселективна примена на законите, нити пак дека законите ќе важат за сите, нити пак ќе може институциите да го практицираат правото врз сите оние кои што го загрозуваат правото, а во овој случај Буџетот на Република Македонија“, појасни Арсовска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести