Во последните 24 часа направени се 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаболени има во Скопје, и тоа 583. Според бројот на активни случаи, пак, најмногу регистрирани има во Аеродром и Гази Баба, каде бројките надминуваат над 1000.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 444
• Гази Баба – 1007
• Аеродром -1161
• Карпош – 987
• Центар – 956
• Кисела Вода – 922
• Ѓорче Петров – 595
• Бутел – 389
• Шуто Оризари – 123
• Студеничани – 36
• Сарај – 81
• Арачиново -20
• Илинден – 183
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 65
• Петровец –73
• Зелениково -42
• Странец – 119
• Нераспределен- 150
Состојбата на Инфективната клиника, но и останатите болници во кои се лекуваат ковид пациенти е следна:
- На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.
- Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
- Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.
- Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
- Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
